Vrata su otvorena. Sledeći potez je na tebi.
Бараме добра совпаѓање, а не совршено CV
Како изгледа процесот на селекција во Nelt? Едноставен, отворен и без стрес. Веруваме во разговор, фер пристап и меѓусебно запознавање - затоа што вработувањето е партнерство, а не аудиција.
-
1
Аплицирање
Првиот чекор кон вработување во Нелт е аплицирање на оглас преку нашата кариерна страна, каде можеш да ги видиш сите моментално отворени позиции. Со клик на саканата позиција, системот те води до директна апликација, каде што ќе ја споделиш твојата биографија и основни информации за тебе.
-
2
Online тестирање
Ако твојот профил соодветствува со бараните услови за позицијата, ќе те поканиме на online тестирање (тестови на личност и мотивација) што ќе ни помогнат подобро да ги процениме твоите лични особини, како и твојот потенцијал за идните одговорности.
-
3
ХР интервју
Кандидатите што ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју, најдоцна во рок од две недели. На интервјуто сакаме подобро да те запознаеме, а и ти ќе имаш можност да поставиш прашања бидејќи не те бираме само ние тебе, туку и ти нè избираш нас.
-
4
Техничко интервју
Во завршната фаза ќе се запознаеш со потенцијалниот претпоставен кој ќе ти даде повеќе информации за тимот со кој би соработувал, начинот на работа кој го практикуваме, а ќе ти ги претстави и можностите за учење и кариерен развој во рамки на нашата компанија.
Нашиот пристап кон кандидатите
Транспарентноста и навремената комуникација се основа на нашиот процес. На секој кандидат му пристапуваме со почит и се трудиме секој да добие повратна информација по секој круг од процесот на селекција, без разлика на резултатот. Го цениме времето и трудот што го вложува секој кандидат па секој чекор е осмислен да биде јасен, фер и заснован на взаемна почит.
Процесот на селекција може да се разликува во зависност од нивото на позицијата, па може да вклучи дополнителни чекори на процена преку учество во assessment вежби.
