
Ние сме Nelt
Ние сме Nelt. Група луѓе, идеи и енергија која повеќе од 30 години ја движи FMCG индустријата во регионот и пошироко. Работиме на 12 пазари, во рамки на 14 компании, со повеќе од 5.500 колеги во Европа и Африка.
Нашата сила е во три нешта: дистрибуција на најсилните брендови, паметни логистички решенија и развој на сопствени производи.
Ако бараш место каде можеш да работиш, но и да растеш, придонесуваш, учиш и бидеш свој - можеби токму си на вистинската адреса.
Види повеќе за насРаботи што прават разлика
Тука, бенефитите не се шаблон - тие се внимателно избрани работи што ти помагаат да се чувствуваш поддржан, мотивиран и, искрено, баш добро.
Види ги сите бенефитиБараме добра совпаѓање, а не совршено CV
Како изгледа процесот на селекција во Nelt? Едноставен, отворен и без стрес. Веруваме во разговор, фер пристап и меѓусебно запознавање - затоа што вработувањето е партнерство, а не аудиција.
-
1
Аплицирање
Првиот чекор кон вработување во Нелт е аплицирање на оглас преку нашата кариерна страна, каде можеш да ги видиш сите моментално отворени позиции. Со клик на саканата позиција, системот те води до директна апликација, каде што ќе ја споделиш твојата биографија и основни информации за тебе.
-
2
Online тестирање
Ако твојот профил соодветствува со бараните услови за позицијата, ќе те поканиме на online тестирање (тестови на личност и мотивација) што ќе ни помогнат подобро да ги процениме твоите лични особини, како и твојот потенцијал за идните одговорности.
-
3
ХР интервју
Кандидатите што ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју, најдоцна во рок од две недели. На интервјуто сакаме подобро да те запознаеме, а и ти ќе имаш можност да поставиш прашања бидејќи не те бираме само ние тебе, туку и ти нè избираш нас.
-
4
Техничко интервју
Во завршната фаза ќе се запознаеш со потенцијалниот претпоставен кој ќе ти даде повеќе информации за тимот со кој би соработувал, начинот на работа кој го практикуваме, а ќе ти ги претстави и можностите за учење и кариерен развој во рамки на нашата компанија.
Нашиот пристап кон кандидатите
Транспарентноста и навремената комуникација се основа на нашиот процес. На секој кандидат му пристапуваме со почит и се трудиме секој да добие повратна информација по секој круг од процесот на селекција, без разлика на резултатот. Го цениме времето и трудот што го вложува секој кандидат па секој чекор е осмислен да биде јасен, фер и заснован на взаемна почит.
Процесот на селекција може да се разликува во зависност од нивото на позицијата, па може да вклучи дополнителни чекори на процена преку учество во assessment вежби.

Како да се подготвиш за интервју?
Кој ги движи работите? Ние. Во секоја насока.
Од логистика до продажба, од администрација до операции – секој тим има своја улога, но сите играме за истата цел. Запознај ги нашите оддели и откриј каде твојот талент може да направи разлика.
Кликни на одделот за да дознаеш повеќе
Инвестираме во она што навистина е важно - во тебе.
Тука, твојот развој не е „додаток“ - тој е дел од планот. Преку програми за раст, конференции, менторство и меѓународни можности, те поддржуваме да продолжиш да се движиш напред - и професионално и лично. Зашто кога растеш ти, расте и целата приказна со тебе.